Рак на дебело црево: раната детекција спасува животи
КОЛОТЕКТ – неинвазивен ДНК тест за рано откривање на колоректален канцер
Колоректалниот канцер (рак на дебело црево и ректум) е еден од најчестите малигни заболувања на глобално ниво. Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), во 2018 година биле регистрирани околу 1,8 милиони нови случаи и речиси 861.000 смртни случаи поврзани со ова заболување. Иако инциденцата и стапката на смртност варираат меѓу различни земји, колоректалниот канцер останува сериозен глобален здравствен предизвик.
Она што е особено важно е фактот дека колоректалниот канцер е еден од ретките канцери кои можат да се превенираат, доколку се открие навреме. Во дури 90% од случаите, кога болеста се детектира во рана фаза, таа е успешно излечива. Токму затоа, скринингот игра клучна улога.
Скрининг методи за колоректален канцер
- Колоноскопија
- Потребни се претходни подготовки
- Се изведува во клинички услови
- Често се користат седативи
- Вклучува вметнување флексибилна цевка со камера преку ректалниот отвор до дебелото црево
- Овозможува директен визуелен преглед на ткивото
- Непријатна за многу пациенти и често се одложува
- ФОБТ – тест на окултно крварење во столицата
- Без потреба од подготовки
- Се изведува во домашни услови
- Можни се диететски рестрикции
- Детектира присуство на хемоглобин во фецес
- Има лимитирана сензитивност, особено за аденоми во рана и напредна фаза
- ДНК тест од фецес – современ пристап
- Без подготовки
- Самостојно земање примерок во домашни услови
- Без диететски рестрикции
- Детекција на специфични генетски биомаркери
- Целосно неинвазивен метод
Што е КОЛОТЕКТ тестот?
КОЛОТЕКТ е современ, неинвазивен и високосензитивен ДНК скрининг тест за рана детекција на колоректален канцер (CRC) и преканцерозни лезии. Тестот се базира на анализа на ДНК од примерок на фецес, со примена на мултиплексна метилација и PCR технологија.
Со КОЛОТЕКТ се детектираат абнормални метилации на следните CRC генетски маркери:
- SDC2
- ADHFE1
- PPP2R5C
Овие биомаркери се постојано присутни во фецесот и овозможуваат рана и прецизна детекција, дури и пред појавата на симптоми.
Зошто да го изберете КОЛОТЕКТ?
- Погоден – самостојно земање примерок во домашни услови, без подготовки
- Едноставен – потребен е само еден примерок
- Ефективен –
- сензитивност за колоректален канцер: 87%
- сензитивност за напредни аденоми: 42,1%
- Прецизен – висока специфичност од 93%
- Целосно решение – китот содржи сè што е потребно за земање и процесирање на примерокот
- Висок квалитет – производство според строги стандарди, ISO 13485 сертифициран производител
Што содржи КОЛОТЕКТ китот?
КОЛОТЕКТ е составен од 4 комплети:
- Кит за еднократна колекција на фецес
- Кит за изолација на ДНК од фецес
- ДНК-бисулфитен кит за конверзија
- ДНК-метилациски кит за детекција на SDC2, ADHFE1 и PPP2R5C гени (Real-Time PCR)
Скрининг со КОЛОТЕКТ – во 4 едноставни чекори
1️ Пациентот добива кит за колекција на примерок 2️ Примерокот се зема дома и се испраќа директно до лабораторија 3️ Анализата се спроведува во лабораториски услови 4️ Резултатите се доставуваат до пациентот или матичниот лекар
Раната детекција прави разлика
Со КОЛОТЕКТ, скринингот за колоректален канцер станува едноставен, достапен и неинвазивен, без изговори за одложување.